Пол Моран од Енискилен, Северна Ирска, предизвикал пожар во својот стан обидувајќи се сопствениот измет да го претвори во злато. Како што пренеле локалните медиуми, Моран бил осуден на три месеци затвор.


Тој признал дека ги довел во опасност животите на луѓето, загревајќи го на шпорет својот измет измешан со ѓубриво и на тој начин предизвикувајќи пожар во станот, правејќи материјална штета од 3000 фунти. Судијата пред да ја изрече казната рекол дека тоа е многу бизарен начин да се направи злати, кој тешко би можел да биде успешен.