Еден американец кој предизвикал пожар со неугасена цигара во ресторан бил казнет со забрана за пушење од една година. Тој ја признал вината за предизвикувањето на пожар на покривот на еден ресторан во Пукалани, Хаваи. Пожарот го изгаснале вработените и гостите во ресторанот.
Адвокатот на обвинетиот изјавил дека неговиот клиент немал намера да предизвика пожар. Судијата наложил човекот да плати 1000 долари за санација на покривот на ресторанот како и да престане со пушењето една година.