Пакистанецот Фаиз Мохамад бил уапсен на аеродромот во Карачи бидејќи во чевлите имал батерии. На крајот се воспоставило дека станува збор за лажна тревога бидејќи носел терапевтски чевли кои ги отстрануваат болките на стапалата со масажа. Тој се обидел да се качи на доцниот лет за Мускат.


На скенерот откриле дека во чевлите има батерии на полнење. Со темелен преглед откриле дека нема експлозив ниту експлозивни направи. Од полицијата известиле дека досега не сретнале вакви чевли и не знаеле дека такви воопшто и постојат. Ги испратиле на контрола од каде ги потврдиле објаснувањата на Мохамад.