Во период од само еден месец се регистрирани четири напади и сериозни закани кон новинарите што е бројка еднаква на сите регистрирани напади во текот на 2019 година, информира Здружението на новинари на Македонија – ЗНМ. Уште повеќе загрижува трендот на зголемени закани кон жените новинарки во државата.

Пред три дена доскорашен  член на Алијансатa за Албанците Нешат Адеми упатил вербални закани за објавен прилог во кој се спомнува неговото име кон новинарката на ТВ21, Алмедина Исмајли. Тој бил повикан на информативен разговор во полицијата но му била изречена само усна опомена. Претходно закани кон медиум упати и техничката министерка Мизрахи, којa навредливо го етикетираше порталот А1 он, што наиде на осуда кај еснафските здруженија.

ЗНМ апелира до сите домашни и меѓународни институции да ги осудат заканите кон новинарите и да упатат пораки на смиреност во периодот кој следува.

OhridNews