Предизборното соочување на кандидатите од 5 ИЕ Лазе Таневски (СДСМ) и Кирил Пецаков (ВМРО ДПМНЕ), во онлајн дебатата што OhridNews ја организираше вчера на бродот „Армада“ во соработка со „Мега продукција“, предизвика огромен интерес во јавноста. Дебатата што паралелно преку видео стрим во живо се емитуваше на нашата платформа, каналот на YouTube и на социјалните мрежи ја проsледиле над 150000 граѓани. Само на Фејсбук дебатата ја следеле над 11 илјади лица. Дополнително сториите и извештаите од настанот на порталот OhridNews побудиле интерес на над 10000 читатели.

На Фејсбук дебатата ја следеле над 11 илјади лица.

Дебатата предизвика реакции  и одеци на социјалните мрежи. Покрај симпатизерите од двата табори кои главно пишуваа пораки со поддршка до своите политички претставници или обвинувања на сметка на противничките, дел од пораките се однесуваа на приоритетите на Охрид и како охриѓани очекуваат идните пратеници да го репрезентираат градот.

Порака до идните пратеници
Интересите на Охрид да бидат пред се бараат граѓаните

Редакцијата на OhridNews изразува благодарност до политичките репрезенти што ја прифатија поканата да ги соочат своите ставиви, гледишта и програми пред јавноста.

Предизборната онлалн дебата на OhridNews со рекордна гледаност

OhridNews

Дебата: Таневски и Пецаков со различни политички ставови но сложни за иднината на Охрид во УНЕСКО…