Секоја година во периодот од 18 до 24 ноември традиционално се одбележува Неделата на грижа за старите лица под мотото „Сите сме нивни деца“ Црвен крст Охрид се приклучува кон одбележувањето на оваа недела со повеќе активности.
На иницијатива на Клубот на млади, а во соработка со волонтерите на „Најди време” и Сојузот на борци на Охрид и Дебрца, денес во просториите на Црвен крст Охрид се одржа предавање на тема дијабетес, насловено „Разбивање на бариерите, премостување на празнините”. Предавањето го одржа д-р Даниела Чингоска, специјалист по социјална медицина и јавно здравје, информираат од Црвен крст.
Додаваат дека по предавањето на присутните им беше овозможено мерење на шеќерот во крвта.
OhridNews