По повод Светскиот ден на срцето во соработка со ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања од Охрид, Здружението на дијабетичари од Охрид организира предавање на тема „Запознавање со кардиоваскуларните заболувања и нивна превенција кај пациенти со дијабетес“ на кое пред присутните ќе говори Др. Јасмина Спасеска Јованоска.
На предавањето ќе има и претставници на Крка фарма ДООЕЛ од Скопје, кои со присутните ќе споделат совети и информативни материјали, а исто така ќе вршат и бесплатно мерење на холестеролен притисок. Целта на овие активности е подигање на свеста за значењето на превенцијата и навременото откривање на покачениот крвен притисок и дислипидемијата, како два најзначајни ризик фактори за појава на кардиоваскуларни заболувања, информираат од Здружението.
Настанот ќе започне во 11:00 часот во големата сала на Општина Охрид.
OhridNews