Во рамките на одбележување на Неделата на борба против ХИВ/СИД денес со почеток од 20:00 часот Црвен крст Охрид во своите простории организира едукација на тема „Превенција од ХИВ/СИДА” предводена од д-р Јованка Стурлакова Коровешоска.

Целта на ова предавање е да се подигне свеста кај јавноста за опасноста од ширењето на ХИВ/СИДА, да се поттикне редовното тестирање и да се подобри квалитетот на животот на оние кои го носат вирусот, но пред се раното откривање на инфекцијата и нивна превенција, велат од Црвен крст Охрид.

Неделата на борба против ХИВ/СИД се одбележува секоја година во периодот од 1 до 7 декември, а годинава е под под мотото „Заедно во борба против ХИВ/СИДА“.

OhridNews