Предадени документи од Секторот Урбанизам при Општина Охрид во средена и обработена форма во Охридскиот Архив. Оваа активност, како што посочуваат од Архивот, е резултат на Меморандумот за соработка помеѓу Државен Архив и Општина Охрид.
Од денес во средена и обработена форма се предадени документи од „Урбанизам“ за периодот од 1991 до 2000 година со што имаме континуитет на документација од 1964 до 2000 година. Голем и значаен чекор во значајноста на градежната документација, а во интерес жителите на град Охрид, истакнуваат од Охридскиот Архив.
Воедно упатуваат благодарност до тимовите од Општина Охрид и Архив Охрид што започнаа и успешно завршија една од етапите за документацијата.
OhridNews