Со донација на „LIONS“ клубот од Охрид во ОУ Св Климент Охридски опремени се две училници за децата со посебни потреби.


една од реновираните училници за децата со посебни потреби

Училниците се  комплетно реновирани и опремени, а  дел од донацијата е употребен за реновирање на наставничката канцеларија и портирницата.

Исто така ќе биде подготвена и просторија во која ќе може да престојуваат  родителите на децата со посебни потреби, информираат од „LIONS“ клубот-Охрид.


„Lions“ клубот Охрид најавува нови донации

Донацијата е во висина од 400.000 ден (околу 6000 евра) а „LIONS“ клубот – Охрид најавува и други добротворни акции кои се во подготовка.

Г.М.