600 парчиња облека (фустани и долна облека) откриени се од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, извршена на патниот правец Струга-Охрид, пред влезот во Охрид.

Текстилните производи за кои возачот не поседувал документи за потекло и платени увозни давачки се пронајдени во две вреќи сместени во багажникот и во една кутија сместена на задното седиште на возилото.

Стоката е привремено задржана, а против прекршителот ќе биде поднесено Барање за поведување на прекршочна постапка до Комисијата за одлучување по прекршок при Царинската управа на Република Македонија.

OhridNws