Неактивирана бомба од Втората Светска Војна била пронајдена пред луксузната вила на Џорџ Клуни во Италија. Експлозивната направа била пронајдена во езерото Комо на длабочина од 13 метри. Освен бомбата, во езерото биле пронајдени и неколку мини. Градчето Лаглио, кое се наоѓа покрај езерото, било блокирано се додека бомбата не била деактивирана.
Актерот тогаш не бил во вилата. Неодамна во истото езеро било пронајдено тело на мртва жена. Полицијата известила дека телото било фрлено некаде на север и дека допливало до вилата на Клуни поради силниот ветер. Се шушкаше дека Џорџ сака да ја продаде вилата и на Елизабет да и купи остров, но тој сето тоа го демантираше.