Советниците на 40- та седница закажана во понеделник ќе имаат можност да расправаат околу информацијата за содржината и текстот на договорот по Одлуката на Советот на општина Охрид за избор на приватен партнер за јавно приватно партнерство за модернизација, проширување и одржување на системот за јавно осветлување на општина Охрид.

Ова следува откако на минатата 39- та седница на советот, која беше прекината по бурната расправа и гласањето за првата точка на дневен ред- предлог одлуката за поништување на постапката по огласот за воспоставување на договор за јавно приватно партнерство за модернизација, проширување и одржување на системот за јавното осветлување, која не се усвои.

За предлогот гласаа 11 советници на мнозинството, еден беше против, а седуммина советници беа воздржани.

На 40- та седница, меѓу другото, ќе се расправа и околу давањето согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти и паркинг простори со кои стопанисува ЈП„Билјанини Извори“, за усвојувањето на измените и дополнувањата на Програмата за спорт за 2015 год, Развојната Програма за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2015-2017 година, измените и дополнувањата на Програмата за други комунални услуги за 2015, Предлог Одлука за усвојување на измените и дополнувањата на Развојната Програма за изградба на системи за водоснабдување 2015-2017 година.