Еден од највообичаените совети за доброто спиење е избегнување на кофеинот доцна попладне. Имено, кофеинот има стимулативен ефект и може да му пречи на сонот. Но, колку точно време пред спиење треба да избегнуваме кафе? Кога станува збор за спиењето, научниците откриваат дека кофеинот конзумиран и 6 часа пред спиењето, може да му пречи на квалитетот на сонот. Според резултатите на едно спроведено истражување, најдобро би било последното кафе да го испиете околу 14 часот. Кафето не треба во целост да се исфрли, бидејќи ви дава енергија и будност, но само треба да се внимава кога и колку дневно се пие.
Кафето е добро да се пие во утринските часови, а доколку не можете без него, дозволете си уште една шолја околу 14 часот. Денот започнете го со најјако кафе, а во текот на денот префрлете се на кафе без кофеин, или со помалку кофеин. Избегнувајте големи шолји кафе. Држете се до некои стандардни големини.
Иако можеби го избегнувате кафето, во многу енергетски пијалоци го има кофеинот, а негативното влијание на кофеинот оди многу подалеку отколку пореметувањето на квалитетниот сон. Имено, некои истражувања откриле поврзаност на консумирањето кофеин и кардиоваскуларните проблеми. Освен тоа, според некои истражувања, пиењето на повеќе од четири шолји дневно, се поврзува со зголемената стапка на смртност кај мажите и кај жените.