Само 62 дена откако ја официјализирале својата врска со мала церемонија во Лос Анџелес, списанието “In Touch” екслузивно дознало дека Џони Деп и Амбер Хард се на работ разделување. Извор близок до парот рекол дека едвај разговараат. Додал дека љубовта на Џони кон алкохолот, како и неговите лажни ветувања дека ќе престане да пие, довеле до тоа да се на чекор од развод.
Изворот открил дека Амбер е константно загрижена за него и додал дека минуваат денови без да и се јави или да и испрати порака. Амбер моментално е во Лондон каде го снима филмот “The Danish girl”, од каде упатила неколку жетоки повици барајќи го Деп, меѓутоа, разговорите воглавно завршувале со кавга.