Петттото продолжение на стендап револуцијата на извонредниот охридски актер и комичар Никола Тодороски, ќе се случи на 30-ти април (четврток) во центарот за култура „Григор Прличев“. Како вовед во продолжениот првомајски викенд Никола на публиката ќе и понуди повеќе од еден час уживање исполнето со креативен хумор и материјал кој ексклузивно и премиерно ќе биде изведен за оваа пригода.
Проектот „СТЕНДАП РЕВОЛУЦИЈА“ Никола го започна во декември минатата година. Предизвикот кој тој си го постави со овој проект е секој месец до јуни 2015 да пишува нов материјал, нешто што само по себе е револуционерно и никогаш не е направено до сега.
Билетите за новата стендап „Револуција“ на Никола Тодороски наскоро ќе бидат пуштени во продажба.
OhridNews