Кучињата  “скитници“ во Охрид ги има насекаде и тоа во голем број. Идејата за шинтерска служба се’ уште не е реализирана, па така никој не води грижа за опасните кучиња бездомници, ниту за нивните малечки кои ако преживеат најчесто завршуват на охридските улици.


Пет мали кученца деновиве затекнавме пред маркет оставени од нивната мајка. Вчера беа само две. Добро е ако некој ги згрижил, меѓутоа уште подобро ќе биде доколку постои соодветна јавна служба која ќе се грижи за кучињата бездомници кои не се само грда слика туку  и голема опасност по здравјето на луѓето.


Ohridnews