Пред почетокот на културно-уметничката манифестација „Охридско лето“ екипи од Ј.П. „ Охридски Комуналец“ реализираат акции за уредување и расчистување на стариот дел од градот. Се коси тревата во близина на сцената на Античкиот театар и летната сцена на катедралната црква Св.Софија. Уредување е извршено на сите пристапни улици и сокачиња, расчистени и искосена е тревата покрај коловозот на патот кој води од Втор Чинар до Горна Порта, од Горна Порта до ул.„Крум Точко„ и ул. „ Илинденска“.
Од јавното претпријатие нагласуваат дека за време на отворањето на фестивалот ќе бидат ангажирани дежурни екипи кои ќе делуваат на пристапните улици и околу Антички театар заради одржување на поголемо ниво на хигиена.
OhridNews