По обавена координација помеѓу координативното тело за реализација на вечерашниот хуманитарен концерт за помош на жителите од поплавените подрачја во Македонија, и раководната структура на општинската Унија на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ, донесена е одлука за поставување на пункт за собирање на разни намирници, вода и хигиенски материјали во просториите на Центарот за култура.
Се повикуваат сите хумани граѓани, кои се во можност да донираат храна, флаширана вода и средства за хигиена, тоа да го сторат вечерва, пред почетокот на концертот.
OhridNews