Основното училиште „Григор Прчилев“ –Охрид е осветлено пред чествувањата по повод патрониот празник на училиштето.

В.д. директорката Ивана Маховска Шикалеска и ЛК Лихнидос ја реализираа својата заедничка иницијатива да се уреди надворешноста на училиштето пред јубилејната прослава на патрониот празник – 190 години од раѓањето на Прличев и 160 години од поемата „Сердарот“. Во рамки на акцијата комплетно е осветлен училишниот двор.

-Во време кога се бориме за задржување на трајните вредности, за потенцирање на великаните кои се родиле во Охрид, се радувам што токму на овој јубилеј на учениците им покажавме дека училиштето, како нивни втор дом, треба постојано да го разубавуваат и да го чуваат. Бидејќи за нив останува. – изјави в.д. директорката Ивана Маховска Шикалеска изразувајќи задоволство од реализираното.

Проф. д-р Зоран Тунтев, реализатор на акцијата, вели дека истата покажува дека охриѓани ги негуваат вистинските вредности и истовремено се грижат за новите генерации.

Дел од оваа акција беа и спомен бистата на Григор Прличев, неговата родна куќа и неговото почивалиште.

Освен осветлувањето, ученици од ОУ „Григор Прчилев“  под менторство на наставникот по ликовно образование Ристе Пуцоски ги бојадисуваа и надворешните ѕидови на училиштето со цел да се освежи и разубави средината во која учат.

OhridNews