Го тужи дизајнерот за морална надокнада на штета во износ од 25.000 евра, откако венчалниот фустан и се распаднал пред олтарот, откривајќи го нејзиниот задник.
Посрамотената 30 годишна невеста, големиот ден и го уништиле шавовите од фустанот. Фустанот дизајниран од Рапало го платила 2.500 евра. Шавот попуштил и венчаницата се распаднала пред олтарот. Свештеникот кој од срам не знаел каде да гледа, на брзина ја завршил церемонијата. Невестата од црквата побегнала во солзи. Инцидентот се случил на италијанската ривиера во местото Чијавари во 2006 година, но дури сега за него се расправа пред граѓанскиот суд.
– Тоа требаше да биде најубавиот ден во животот на мојата клиентка, а испадна најлошиот. Нема дури ни фотографии од венчавката – рекол нејзиниот адвокат.