Во текот на вчерашниот ден во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ беше отворена традиционалната изложба на роднокрајни автори.

Присутните имаа можност да се запознаат со  делата на Крсте Мартиноски, м-р Ристе Пуцоски, Трајко Дурчоски и Ристе Мијаковски, односно ликовните творби на повеќе охриѓани меѓу кои Никола Упевче, Теофил Дамјаноски, Александар Патчев, Јордан Манасиевски, Славко Упевче, Ѓорѓи Целески и други.

Инаку, традиционално изложбата беше отворена во чест на празнувањето на Св. Климент Охридски – патрон на Охрид.

OhridNews