Викендов во КИЦ „Култура 365“, присутните се присетија на идеологот на македонското револуционерно движење, Гоце Делчев, со претставување на весникот „Народна волја“ (Пиринска Македонија – Бугарија).

На средбата на која присустуваа претставници од ОМО „Илинден Пририн“, Крум Филатов и Ѓорѓи Ортаков, како и уредникот на „Македониум“ и генерален секретар на Алијансата за европско интегрирање од Албанија, Васил Стерјовски, стана збор и за другите гласила на Македонците во соседните земји: „Нова зора“ (Грција), „Македонски глас“ (Бугарија) и „Македониум“ (Албанија).

Народна волја“, единствениот весник на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија излегува редовно и пренесува информации од и за Македонија. Негова препознатливост е ликот на Гоце Делчев, во насловот и името. Првиот број на весникот се појави на 1 октомври 1980 година во Сиднеј, Австралија. Основачи беа македонските патриоти Александар Христов, Крсто Енчев, Ангело Вретовски, Георги Чочков, Митре Мојсовски и други. Од 1981 година весникот продолжи да излегува во Лондон. Од април 1992 година весникот излегува во Благоевград.“ – велат од КИЦ „Култура 365“.

Копретседателот на ОМО Илинден Пирин, Крум Филатов, ги пренесе поздравите на сегашниот уредник на весникот „Јан Пирински“, нагласувајќи дека и покрај притосоците и асимилацијата од источниот сосед, весникот е еден од факлите на македонската борба и македонизмот во Бугарија.

OhridNews