Под покровителство на општина Охрид, а во организација на Здружението за заштита и одгледување на украсни птици „Дијамантски петел“, утре, 11- ти јуни, пред хотел „ Милениум“ , ќе се одржи манифестацијата „Шарен цвет“. Изложбата на украсни птици се реализира по втор пат со тенденција да прерасне во традиционален настан.
На случувањето , со свои уметнички креации учество ќе земат учениците од основните и средните училишта како и најмладите од детската градинка „Јасна Ристеска“. Целта на случувањето е да се пробуди интересот кај најмладите за украсните птици како и за останатите птици и животни.
Манифестацијата ќе започне во 10.00 часот и е предвидено е да трае до вечерните часови.
OhridNews