Во среда, 30- ти јули, во малата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ во соработка со ЗГ Буден Театар – Скопје , ќе се изведе претстава „ Јас љубам бог “.
Претставата е монодрама, авторски проект на Милиана Ленак, во кој таа настапува како актер и е потписник на режијата.Сценариото на претставата се базира на збирките „Хенри и Џун“ и „ Инцест“ , од едицијата нецензурирани дневници на Анаис Нин, насловена „ Дневник на Љубовта“.
Почеток на претставата е во 22 часот, влез 200 денари.
OhridNews