Во петок, 23- ти октомври, охриѓани повторно ќе имаат можност да ја проследат театарската претстава „Вечера за глупаци“ во изведба на актерите од Народниот театар Охрид.Претставата е работена според текст на познатиот француски филмски режисер, сценарист и драматург Францис Вебер, а е во режија на Ирена Стеријовска.

Во претставата играат Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Горан Стојаноски, Јасмина Билаловиќ, Филип Кипровски, Елизабета Стефановска и Павел Маслов. За сценографијата се погрижи Стефан Спировски, а за костимите Ана Кркулевска.

Почеток на претставата е во 20 часот. Цена на билетот е 150 денари.

OhridNews