За Бадник пред Божиќ, традиционално се подготвува богата посна трпеза. Покрај гравче, риба, посна сарма и други национални специјалитети на маса обично има и печени костени. Но, годинава се чини малкумина граѓани ќе си си го дозволат тој „луксуз“, бидејќи на пазарот во Охрид костените чинат 200 денари. Некои продавачи, како и продавници околу пазарот костените ги нудат за 150 денари по килограм, но се се чини дека и тоа е прескапо. За споредба за 200 денари може да се купи и 2 килограми грав, речиси килограм мелено месо и.т.н.
Костените годинава прескапи
На почетокот од есента костените на пазарот во Охрид се продаваа по цена од 40 денари за килограм. Божиќ е празник и за богатите и за сиромасите и цените треба да бидат прифатливи за сите. Неморално и нехристијански е да се прават екстра профити секогаш пред големите празници.
Горан Момироски
фото: Васко Бујароски