– Импровизиравме вонредна ситуација со цел да укажеме на потребата од набавка на специјален противпожарен пловен објект, но и да укажеме на пречките кои им стојат на патот на спасувачите.За жал, со ова неблагодарно решение, Кејот е забарикадиран и доколку, евентуално, се случи несреќа во вода службите за спасување не би имале пристап на местото на несреќата, укажа Сашо Точков од охридскиот Црвен крст.
На проблемот со барикадите на улиците укажа и началникот на Професионалната противпожарна единица од Охрид, Спасе Прентоски. Тој посебно го потенцираше проблемот со ископите на улиците што ги вршат јавните претпријатија и компании, кои при тоа не ја информираат противпожарната служба, што во случај на несреќа би можело да има фатални последици.
Претставникот на „Флоријан“, ја истакна високата професионалност на спасувачките екипи и противпожарната единица од Охрид, но укажа дека со оглед на големината на Охридското Езеро неопходно е да се располага не со една, туку со неколку мобилни екипи кои ќе можат благовремено да интервенираат при несакани инциденти во водите на езерто.
Вежбата ја проследија голем број граѓани, но и градоначалници од регионот, кон кои беа упатени забелешките од страна на спасувачките тимови.
Спасувачките екипи во акција