Еден австралиец ги замолил градските власти да му помогнат во пребарувањето на повеќе тони ѓубре кое дневно се собира во Бризбејн како би му помогнале да ја пронајде вреќата со накитот на сопругата, вреден 50 илјади австралиски долари, која случајно ја фрлил во ѓубрето. Човекот кој се претставил само како Џеф, рекол дека накитот го спакувал во обична пластична кеса како би ги измамил потенцијалните крадци.


За време на преселбата по грешка кесата ја фрлил во ѓубре. Во неа имало нараквици и златни шипки. Портпаролот на градското собрание рекол дека шансите да се пронајде накитот се минимални, бидејќи секоја седмица се собираат илјадници тони ѓубре.