Годинава по осми пат ќе се одржи заедничката прослава на имендените на сите кои го носат името Софија, Вера, Нада и Љуба.

Свечената прослава по повод овој православен христијански празник ќе се одржи денеска со почеток во 12 часот во месноста Лагадин каде што е и црквата – капелата посветена на Вера, Нада и Љуба и нивната мајка, великомаченица Софија.


 
Црквата е изградена во 2000 година по повод милениумското одбележување на христијанството, а нејзиниот градител, охриѓанецот Љупчо Патче, веќе осма година организира заеднички собир на граѓаните.

Со средствата кои што се собираат во црквата, Патче им помага на болните и изнемоштени лица, а со еден дел од нив го организира одбележувањето на празникот.

А.Р.