Во манастирскиот комплекс Света Петка во селото Оровник, вчера на пригоден христијански начин со сите христијански обреди за денот Свети Трифун, беше извршено закројување на лозјето со божја помош за подобар и поквалитетен род од неколку врсти на грозје.

Во присуство на повеќе верници од селото Оровник и гости, како и и членови на Црковниот одбор, закројувањето го изврши отец Лупчо Бакрачески.

Чинот на закројувањето беше пропратен и со ракија и вино и домашно мезе.

OhridNews