Празникот Духовден кој меѓу народот е познат и како Дуовден, Света Троица, Педесетница, Свети Дух…, беше одбележан во црквата Св. Троица во населбата Радојца Новичиќ, каде се одржа богослужба со која чиноначалствуваше митрополитот Дебарско – кичевски г. Тимотеј.
Богослужба ќе има и на вториот ден од Духовден во понеделник со почеток во 9.00 во катедралниот храм „Света Софија“ – Охрид, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.
На овој ден богослужба ќе има само во црквата „Св. Софија“ – Охрид (едноцрквие).
OhrudNews
фото: црква Св. Троица