Вообичаено за време на одбележување на големите верски празници, околината на светите храмови се претвора во пазар. Така беше и вчера на празникот Св. Еразмо. На влезот во ова култно светилиште за охриѓани испоредени тезги, каде се продаваше се и сешто. Освен на неколку на кои имаше производи со верска содржина, на најголемиот дел можеше да се најде различна стока. Од шминки и паричници, до грниња, земјени тави, кутии за леб и разни дребулии. Се продава речиси се и сешто, но и работи кои никако не одат со празнувањето и духовниот амбиент.


На тезгите околу црквите се продава се и сешто

Во време на безработица  и економска криза, народот едноставно бара начин на заработи за леб. Но, впечаток е дека мора да има некаков ред и морална граница, што се може да се продава околу црковните храмови, каде верниците доаѓаат за да им се поклонат на светците, а не на шопинг.

Ohridnews