По повод големиот христијански празник Божиќ, 30 семејства во социјален ризик од Охрид и Дебрца денеска добија хуманитарни пакети со прехрамбени производи и средства за хигиена.
Хуманитарните пакети стокмени по стандардите на ОН ги обезбеди организаторот на културната манифестација „Зимска бајка“ во соработка со лајонс клубот Лихнидос како партнер на акцијата, заедно со ЛК Охрид, ЛК Деница, ЛК Десарети и Топ маркет, а до корисниците ги дистрибуираа волонтери на Црвен крст Охрид кој континуирано води грижа за семејствата во социјален ризик.
Дел од средствата обезбедени од хуманитарниот сегмент на „Зимска бајка“ ќе бидат наменети за поддршка на лица со пречки во развојот.
OhridNews