Ресторан Острово
Од 19.01.2022 - 13:00 до 19.01.2022 - 18:00
Водици се слават насекаде, но како во охридско нема никаде. Овој празник на брегот на Охридското Езеро има посебна магија која не може да се опише, треба само да се доживее. Величенствено е на Водици од Охрид до Св. Наум, каде верскиот ритуал е посебен под ѕидините на вековниот манастир, на изворите на Дрим.
По положувањето на светиот крст во водите на Охридското Езеро во Св. Наум, попладнето во ресторан „Острово“ ќе гостува извонредниот оркестар на Игор Димовски со нивниот супер популарен проект „Пауза за ракија“.
За Водици, освен одбрана музика за душа, во „Острово“ ќе има попуст на целото мени од 20%, велат од познатиот ресторан.
Музичкиот проект „Пауза за ракија“ на Игор Димовски, е концептуално осмислен настап со внимателно избрани мелодии, кој доживува голем успех по промоцијата на овие простори.
OhridNews