Ученици и родители заедно со наставници и стручната служба од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид реализираа активност за Мултиетничка интеграција во образованието : „Да ги прославиме празниците заедно“. Имено, ученици и родители од христијанска вероисповед подготвуваа заедничка закуска со цел прославување на Велигден, на која ги поканија и своите соученици од останатите вери и националности.
Многу сме среќни што со нашите другари заеднички го одбележавме прославувањето на Велигден. Со нашите родители подготвувавме дел од традиционалната велигденска храна и им раскажавме на нашите соученици за нашите обичаи и традиции околу празнувањето на Велигден и се договоривме повторно вака заеднички да го прославуваме и Рамазан Бајрам. – велат учениците од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид.
Од училиштето додаваат дека ваквите активности за мултиетничка интеграција во образованието навистина го развиваат чувството за соживот кај учениците и нивните родители.
OhridNews