Ресторанот „Острово“ празнично ги изненадува посетителите со намалени цени на целото мени почнувајќи од утрешниот ден, кога се слави зимски Свети Наум, па се до крајот на февруари.

Со цел да излезат во пресрет на охриѓани и гостите кои ќе решат на овој голем празник да го посетат манастирскиот комплекс Свети Наум, ресторанот „Острово“ ги намали цените на целото мени за 25 %.

Како што посочуваат од менаџерскиот тим на ресторанот „Острово“, попустот на целото мени ќе трае се до крајот на февруари.

Амбиентот на ресторанот „Острово“ во Св. Наум е асоцијација на убавина и добра трпеза, сега со можност и по исклучителни цени гостите да уживаат во вкусот на македонската традиционална храна од Охридскиот регион и квалитетните пијалоци.

Со флексибилни цени и понуда надвор од сезоната, охридските угостители се насочуваат кон своите гости овозможувајќи им да уживаат во богатата национална кујна.

OhridNews