Манастирот Св. Наум Охридски се подготвува за одбележување на празникот посветен на својот градител, заштитник и чудотворец, кон кој постои голем култ во Охрид. По повод празникот ресторанот „Острово“, на 5 јануари, ќе ги намали цените на целото мени за 25 %.
На овој начин сакаме да излеземе во пресрет на охриѓани и сите посетители на манастирот кои ќе решат на овој голем празник да го посетат манастирскиот комплекс Св. Наум. – велат од ресторан „Острово“.
Ресторан „Острово“ работи до 18 часот, согласно протоколите и мерките за заштита на здравјето и спречување на ширење на коронавирусот Ковид 19.
OhridNews