На националниот празник 11 Октомври, недела, со почеток во 13 часот на плоштадот „Св. Климент Охридски“ во Охрид концерт ќе одржи Владимир Василески – Четкар со неговиот бенд.
Концертот ќе се одржи по строго предвидените мерки за заштита од КОВИД 19. Екипи на Црвен Крст- Охрид ќе им мерат телесна температура на присутните, а задолжителна ќе биде и дезинфекцијата на раце. – информира Локалната самоуправа.
Организаторите упатуваат апел до сите оние кои сакаат да бидат дел од музичкиот настан да ги почитуваат и да се придржуваат кон пропишаните протоколи за заштита и спречување на ширење на заразата, односно да носат заштитни маски за уста и нос и да го држат потребното растојание меѓу себе од минимум два метри.
OhridNews