Охрид традиционално за Илинден е епицентар на забавата, културните и спортските настани во земјата и поширокиот регион. Со понуда за сечиј вкус, градот во продолжениот празничен викенд е претворен во една голема сцена на која настапуваат уметници од различни стилови и калибри.

Празничното лудило започна синоќа со четвртото издание на денс фестивалот „Ohrid Calling“. Фестивалот годинава се одржува на нова локација на просторот на поранешната касарна во Охрид, каде синоќа илјадници млади од земјава и регионот се забавуваа на звуците на електронската музика со светски познатите диџеи Стив Аоки, Хугел, Морис Вест и нашиот диџеј Галоски. Фестивалот продолжува вечерва, 2 Август со настап на Нерво, Феди Легранд. Маркус Шулц и Оли Џејмс.

На 2 Август, во „Kadmo beach & club“ концерт ќе одржи популарното рок дуо Некст Тајм. Во текот на настапот со времетраење од час и половина публиката ќе има можност да чуе дел од нивните постари хитови, како и современите етно преработки за кои добија пофалби од македонската, но и од регионалната публика.

Забавата ќе продолжи со настап на победникот од „Ѕвездите на Гранд“ во 2017 година, охриѓанецот Ристе Ристески.

Настанот почнува во 22 часот.

На стадионот „Билјанини извори“ на 2 Август целовечерен концерт ќе одржи Влатко Лозаноски.

Концертот почнува во 21 часот.

Вечерта на 2 Август, во „Cuba Libre Beach&Bar“ е резервирана за кубанска забава со жешки латино ритми.

Забавата почнува во 22.30 часот.


На 2 Август, Илинден, во познатата крајезерска туристичка населба Пештани, ќе се одржи првото издание на манифестацијата „Културно лето – Пештани 2019“.

Настанот ќе започне во 20.30 часот со уметничкиот перформанс „Биљана платно белеше“ по што Драган Тренески ќе се осврне на Пештани низ времето. Поезија и проза ќе читаат: Весна Бакулеска, Бети Симоноска, Татијана Јанеска и Сузана Коческа.

Во рамки на манифестацијата ќе биде промовиран албумот „Елегија“ на Горан Папаз и Танче Гроздановски.

Пештанското културно лето ќе биде заокружено со ликовна изложба на Марија Мешкоска и Валентина Толеска, инаку креатор на манифестацијата, што ќе се одржи под покровителство на Министерството за култура.

Модератор – водител на манифестацијата ќе биде Марија Раткушиновска Бимбиловски.

Во сабота, 3 август, на плажата „Куба Либре“, во организација на „Олимпија моторс“ ќе се одржи презентација на електрични возила.

Настанот почнува во 10 часот.


Оваа сабота (03.08) The Chicks ќе бидат задолжени за добра атмосфера со познати хитчиња во „Аквариус“.

Настанот почнува во во 22:30ч.


Оваа сабота, 3.8. „Центро бар“, ја враќа староградската музика на охридската летна сцена. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во староградскиот мелос со музичкиот состав „Трио“, во прекрсен амбиент, надополнет со вкусната храна и широк избор на пијалаци.

Староградската вечер во „Центро бар“ почнува во 20 часот.


Во „Cuba Libre“ сабота вечер е за уживање во латино ритамот со прекрасните јужноамерикански танчарки.

Латино забавата во „Cuba Libre“ почнува во 22.30 часот.


На 3 август, сабота, на стадионот „Билјанини извори“ целовечерен концерт ќе одржи популарниот српски пејач Жељко Јоксимовиќ.
Почетокот на концертот е најавен во 21 часот.

Љубителите на квалитетен и креативен хумор, во сабота, 3.8. ќе имаат можност да уживаат во шоуто на извонредните актери и комичари Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски, што ќе се одржи во познатиот клуб „Џез ин“ во рамки на „Summer comedy marathon“.

Шоуто почнува во 21 часот.


Третата и четвртата фестивалска вечер на „Ohrid Calling“, 3 и 4 август, во охридската касарна, ќе понудат адреналинска забава со уште осум познати диџеи, меѓу кои се извонредните Вини Вици, Робин Шулц, Бруно Мартини и други.

Загревањето почнува во 20 часот.


Недела 4 август, на Античкиот театар во Охрид претстои уште едно извонредно музичко доживување со виртуозите на гитара Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ. Концертот кој се одржува во склоп на фестивалот „Охридско лето“ почнува во 21 часот.


Во недела, 4 август, исто така во склоп на фестивалот „Охридско лето“, не очекува уште еден културен настан вреден за внимание. Во предворјето на црквата Св. Софија во 19 часот ќе биде отворена самостојната изложба „БРАНОВИ И МИСЛИ“  од Наташа Попоска Карче.

За забавните, културните и другите позначајни настани во Охрид следете ја рубриката „ШТО, КОГА, КАДЕ“ и  редовно информирајте се на најпосетуваниот интернет портал во регионот OhridNews.

OhridNews