Со празнични цени од 250 денари повратен билет, охридските бродари очекуваат да ги привлечат охриѓани и туристите кои престојуваат во Охрид за пловидба до Свети Наум за големиот христијански празник.


– Цената за превоз до Св. Наум за празникот е намалена, и на овoј ден ние не возиме за да заработиме. Ако за вообичаeните крстарења одредуваме минимална бројка, на овoј ден ако треба, и со пет патника ќе одиме до манастирот – велат бродарите.


” И покрај намалената цена, интересот не е голем, еве и сами гледате“, коментират седнати на палубата на бродот.


Охридските бродари и кајчари не се оптимисти дека сезоната која е во тек ќе ја паметат по добра посета. “За се што ни се случува самите сме си криви, некои работи одамна погрешно се направени”,  разочарано коментираат охридските бродари.

М.П.