По повод големиот христијански празник Рожденство Христово – Божик, утрово во сите парохиски цркви во Охрид се служи света Василиева литургија. Света архиерејска литургија ќе се одржи во црквата Св. Никола Геракомија.
богослужба во црквата Св. Никола – Геракомија
На 8 јануари, втор ден Божик, во сите парохиски цркви во Охрид ќе се одржат свети литургии со почеток во 8ч. На 9 јануари Св. Стефан – трет ден од Божик, свети литургии со почеток во 8 ч. ќе се одржат во манастирот Св. Стефан и во црквата Свети Врачи Кузма и Дамјан во Варош.
За време на Божикните празници на Плаошник нема да има богослужби, соопшти Дебарско – кичевската епархија.