Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 19 февруари 2010 година (петок), во црквата „Света Богородица“ – Каменско во Охрид, ќе се служи Првиот „Акатист на Пресвета Богородица“, со почеток во 16.00 часот, на кој ќе богослужи неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Акатист ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид.

На 20 февруари 2010 година (сабота), по повод празникот „Св. свештеномаченик Теодот епископ Киринејски“ – (Тодорова сабота), богослужби ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид, со почеток во 8.00 часот.

На 21 февруари 2010 година (недела), во црквата „Света Богородица“ – Каменско, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод Првата недела од Велигденскиот пост „Недела на Православието“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Богослужби ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид.

На светата литуиргија ѓаконот Димче Азески ќе биде ракоположен во свештенички чин.

По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овие празници.