Во рамки на празничната програма на градот Охрид, денеска ќе се одржат два настани наменети за најмладите.

На градскиот плоштад во 12:30 часот ќе биде одиграна детската претстава „Добриот и лошиот Дедо мраз“, а на истата локација во 18 часот ќе се одржи концерт на детскиот фестивал „Распеано Рибарче“ на кој ќе учествуваат и гости од детскиот фестивал „Радика“.

И програмата во недела е наменета за најмладите.

Во 12:30 часот на градскиот плоштад ќе биде иозведена претставата „Дедо мраз те сакам“, а во вечерниот термин од 18:00 часот, на истата локација, новогодишен концерт ќе одржат малите ѕвездички од „К2“ продукција.

Г.М.