По повод новогодишните и божикните празници, волонтери на Црвен крст Охрид коишто учествуваат во организирањето и во спроведувањето на програмата за грижа за стари лица „Најди време“, посетија корисници на оваа програма.

Покрај тоа што им ги честитаа празниците и им посакаа здравје и среќа, волонтерите ги израдуваа посетените корисници на програмата „Најди време“ со пригодни подароци, информираат од ОО Црвен крст Охрид.

OhridNews