По повод празникот посветен на Светите маченички Вера, Нада, Љубов и мајка им Софија“, во катедралниот храм „Света Софија“, утре, 30-ти септември, ќе се служи света архиерејска литургија.
Литургијата ќе започне во 9 часот, а ќе чиноначалствува Неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.
OhridNews