Од Дебарско-кичевската епархија ги информираат своите православни верници дека на 26 јули недела), во црквата „Света Богородица – Каменско“ ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Собор на Свети Архангел Гаврил“. Литургијата ќе започне во 8.30 часот, а ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.
OhridNews