„Со желби да градиме модерна, стабилна, безбедна и Европска држава, на сите граѓани на Охрид и на Република Македонија, им упатуваме искрени честитки за среќен и долговечен 8-ми Септември, Ден на независноста и сувереноста на Република Македонија.
Свесни за новите ризици од безбедносен карактер, продолжуваме професионално и неуморно да работиме на заштита на граѓаните и правниот поредок на Република Македонија, во спречување и откривање на казнените дела и нивните сторители.
Со цел да бидеме вистински сервис на граѓаните, нашата работа ја базираме на почитување на основните човекови права и слободи и на вистинските вредности на нашето општество“, се вели во празничната честитка на СВР Охрид.