Градоначалникот на општина Охрид, Александар  Петрески и претседателот на Советот, Душко Јаковчески, по повод празникот Курбан-Бајрам им упатуваат заедничка честитка на сограѓаните од исламска вероисповест.

-Денешната молитвени обреди одржана во верските објекти како и вашите  молитви до севишниот Алах нека бидат исполнети за ваша лична срека, доброто на семејствата и заедницата во целина. Одбележувањето на Курбан-бајрам денес и во наредните денови на празнување  нека мине во знакот на јакнење на духовниот мир, човечкото разбирање и меѓусебната почит и помагање во овие тешки времиња за сите нас – се вели во честитката од Градоначалникот Петрески и претседателот на Советот, Јаковчески.

Кон честитките за празникот Курбан Бајрам се придружија и политичките партии и други институции од општината.

Ohridnews

.