Концертот е по повод Денот на благодарноста, еден од најголемите американски празници и е организиран од страна на македонската амбасада и Министерството за култура на РМ.
Министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска и македонскиот амбасадор во Америка Зоран Јолевски ќе бидат домаќини на овој празничен концерт насловен како „Благодарност до американскиот народ од македонскиот народ“.
Владимир Четкар ќе се претстави со своја авторска музика, а ќе биде придружуван од Мото Фукушима на бас и Џефри Фахардо на тапани.